Вчера тетовка била прободена од крава кај ципата каде што во близина се наоѓа артеријата. Веднаш со сопствено возило семејството ја донело во Ургентниот центар.
Како што објави „Здравство 24“, во амбулантата имало крв на сите страни.
Педесетгодишната жена искрвавила и веднаш ја однеле во сала за операции.
Таму три тима од васкуларна, пластична хирургија и хирург од абдоменална успеале да ја санираат повредата и, според информациите од клиниките, пациентката е во добра состојба.
Засега е непознато како дошто до немилиот настан и зошто кравата ја нападнала жената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.