Општинскиот кризен штаб и локалната самоуправа од Општина Прилеп, рано утринава испратија помош до зафатените подрачја од поплавите во скопско, во човечки ресурси и механизација. Во акцијата се вклучија повеќе од 150 луѓе од јавните комунални претпријатија од Прилеп, ЈП ПУП, ЈП Македонски шуми – Црн Бор Прилеп, екипи од противпожарната единица, од Македонија пат – подружница Прилеп, од брзата медицинска помош и работна сила од „Турунски комбинат“ – Прилеп.
Воедно, со овој конвој во два камиони од Македонија пат – Прилеп, беше испратена и хуманитарната помош во вода, храна, средства за хигиена и детски памперси, која вчера прилепчани ја собираа на пунктот што го постави локалната самоуправа во организација со ОО на Црвениот крст – Прилеп.
Градоначалникот на Прилеп истакна дека во координација со Центарот за кризи – Скопје доколку е потребно и во наредните денови Прилеп ќе помага со човечки ресурси и механизација и ги повика сите оние кои сакаат да помогнат да се пријават во локалната самоуправа. Граѓаните можат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 – 400.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст