| четврток, 6 декември 2018 |

Софка Камиловска, готвачка и менаџерка: Нај­важ­на­та со­стој­ка на се­ко­ја хра­на е љу­бо­вта!

Се­ко­гаш ко­га го­твам, ја ми­ри­сам хра­на­та за да по­чув­ству­вам да­ли е до­бра. Мно­гу е важ­но до­де­ка го­твиш да ѝ да­ваш љу­бов на хра­на­та, ве­ли Ка­ми­лов­ска

Со­фка Ка­ми­лов­ска е по­ра­неш­на од­бој­кар­ска ре­пре­зен­та­ти­вка, се­га го­твач­ка и ме­на­џер­ка, ко­ја го ос­тва­ру­ва сво­јот сон. Го­тви и ме­на­џи­ра, а ле­то­во за­ед­но со сво­јот тим не­у­мор­но ра­бо­ти и го под­го­тву­ва ме­ни­то во ре­сто­ра­нот „Ан­ти­го­на“ во Ма­ке­дон­ско се­ло, кој тре­ба да поч­не со ра­бо­та на­е­сен.

Таа е са­мо­у­ка, не­ма за­вр­ше­но офи­ци­јал­но обра­зо­ва­ние за го­твач­ка, но мно­гу учи, истра­жу­ва и, пред сѐ, мно­гу ја са­ка хра­на­та. Со го­ле­ма страст и љу­бов збо­ру­ва за неа и до­да­ва „најг­лав­на­та со­стој­ка на се­ко­ја хра­на е љу­бо­вта!“.

– Тоа што сум го са­ка­ла, по што сум коп­не­е­ла, се­га ми се ос­тва­ру­ва и среќ­на сум – ве­ли Ка­ми­лов­ска во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“.

Со­фка де­нес ра­бо­ти ка­ко ме­на­џер во „Ти­некс ту го“, и во „Де­ли­ка­те­сен“ ка­де што има за­да­ча – да им го об­јас­ни на кли­ен­ти­те дел од асор­ти­ма­нот што се ну­ди и да им по­мог­не во из­бо­рот. Та­му е опе­ра­ти­вен ме­на­џер.

sofka 1 (Custom)

Го­твам, а не ја­дам ри­ба би­деј­ќи не сме­ам, алер­гич­на сум на ри­ба.

По­стои ли не­кое ја­де­ње што са­каш да го го­твиш, а не са­каш да го ја­деш?

КАМИЛОВСКА: Не знам, не ми тек­ну­ва де­ка има ја­де­ње што го го­твам, а не го ја­дам. Го­твам, а не ја­дам ри­ба би­деј­ќи не сме­ам, алер­гич­на сум на ри­ба.

Ти си по­ра­неш­на спор­тис­тка, од­бој­кар­ка, ко­ја се­га ра­бо­ти ка­ко го­твач­ка. Изг­ле­даш од­лич­но, а го­лем гур­ман си. Ка­ко се сна­о­ѓаш во куј­на­та?

КАМИЛОВСКА: Низ све­тот поз­на­ти го­тва­чи, ше­фо­ви на куј­на, се ма­жи. Раз­го­ва­рав со еден дру­гар, кој е шеф и тој ми ве­ли: го гле­даш она огром­но тен­џе­ре што те­жи 30 ки­ло­гра­ми? Ај кре­ни го да те ви­дам! Ама, ме­не спор­тот ми по­мог­нал, имам си­ла. Јас отсе­ко­гаш сум го­тве­ла, ја са­кам хра­на­та, го­лем гур­ман сум. Та­тко ми цел жи­вот е уго­сти­тел. Поч­нав да ра­бо­там на 14 го­ди­ни, мо­же и пом­ла­да, ко­га та­тко ми ја отво­ри сво­ја­та пр­ва ка­фе­а­на „Со­фка“ во ГТЦ. Пр­во ми­ев ча­ши, по­тоа ме уна­пре­ди­ја во куј­на­та, да им по­ма­гам. Со од­бој­ка се за­ни­ма­вав 12 го­ди­ни и жел­ба­та за го­тве­ње се по­ја­ви ко­га за­ми­нав да ра­бо­там на брод. Ра­бо­тев во ре­сто­ран и та­му поч­нав да учам за со­стој­ки­те од кои се пра­ви ја­де­ње­то што се слу­жи. Мо­рав да знам што про­да­вам. На по­че­то­кот се нај­дов во не­кол­ку не­при­јат­ни си­ту­а­ции ка­де што не зна­ев што има во ја­де­ње­то што го ну­дам. Ре­шив да не се сра­мам се­бе­си и да на­у­чам. Вле­гу­вав во куј­на­та, гле­дав ка­ко се под­го­тву­ва­ат ја­де­ња­та, ги учев со­стој­ки­те. Ми вле­зе чи­ви­ја­та и, ка­ко што се вра­тив до­ма, поч­нав да го­твам и да истра­жу­вам. Мно­гу чи­там, са­кам да на­у­чам уште по­ве­ќе. Зна­е­те де­ка има по­ве­ќе од 15 ил­ја­ди ви­до­ви ком­пи­ри во све­тот, на при­мер?

sofka 3 (Custom)

Ми вле­зе чи­ви­ја­та и, ка­ко што се вра­тив до­ма, поч­нав да го­твам и да истра­жу­вам

Го­твиш до­ма, за при­ја­те­ли, го­твиш во хо­те­лот во Га­лич­ник?

КАМИЛОВСКА: Во Га­лич­ник по­ве­ќе по­ма­гам ко­га, на при­мер, е Га­лич­ка­та свад­ба, ко­га има мно­гу на­род. То­гаш по­ве­ќе ме­на­џи­рам. Ко­га сум та­му пре­ку ви­кен­ди слу­жам, на­ра­чу­вам, го­твам ако е по­треб­но. Тоа е се­ме­ен биз­нис. Си­те сме та­му, фа­ми­ли­јар­но. Јас не сум шеф, за се­бе не мо­жам да ка­жам де­ка сум шеф, би­деј­ќи тоа е го­ле­ма од­го­вор­ност, са­кам да збо­ру­вам за се­бе де­ка сум го­твач­ка.

Ја уре­ду­ваш и ру­бри­ка­та за хра­на во „Оф.нет“, „Со­фка за двај­ца“, ка­де што во ре­цеп­ти­те вне­су­ваш и лич­ни при­каз­ни. Да­ли се­ко­ја хра­на има сво­ја при­каз­на?

КАМИЛОВСКА: Кон­цеп­тот го до­го­ва­рав­ме по­дол­го вре­ме. Не са­кав­ме да би­де стан­дард­но, ка­ко во дру­ги­те пор­та­ли: на­пи­ши ре­цепт и об­ја­ви. Поч­нав со об­јас­ну­ва­ње за не­кои по­мал­ку поз­на­ти ра­бо­ти, ка­ко на при­мер за не­кои си­ре­ња. По­тоа, поч­нав со при­каз­ни по­вр­за­ни со ја­де­ња­та. Хра­на­та е ме­мо­ри­ја на не­кој на­чин, ко­рен на се­ќа­ва­ња­та. Ко­га ќе поч­нам да пи­шу­вам при­каз­на­та по­вр­за­на со хра­на­та не­ко­гаш е среќ­на, не­ко­гаш е таж­на, но има дел од ме­не, од мо­јот жи­вот. Се по­ка­жа де­ка има при­ем.

Од сеп­тем­ври во ре­сто­ра­нот „Ан­ти­го­на“ во Ма­ке­дон­ско се­ло ќе го под­го­тву­ваш ме­ни­то. Мо­же ли да ни ка­жеш не­што по­ве­ќе?

КАМИЛОВСКА: Во Ма­ке­дон­ско се­ло има­ме на­ци­о­нал­на куј­на, та­ка што во „Ан­ти­го­на“ ќе има не­што по­и­на­кво. Куј­на­та ќе би­де ин­тер­на­ци­о­нал­на, но со со­стој­ки од Ма­ке­до­ни­ја. Са­ка­ме да на­пра­ви­ме ед­на при­каз­на, сѐ уште сме во под­го­то­вки и не би са­ка­ла мно­гу да откри­вам. На­пра­вив­ме тим што го со­чи­ну­ва­ат „фри­ко­ви“ по хра­на, кои са­ка­ме да го ра­бо­ти­ме тоа. Ра­бо­ти­ме со мно­гу го­ле­ма љу­бов го, оп­сед­на­ти сме со тоа. Мо­жам да откри­јам де­ка во ре­сто­ра­нот ќе има са­мо ве­че­ра и ќе би­де са­мо со за­ка­жу­ва­ње би­деј­ќи не­ма мно­гу  ма­си во не­го. Ќе се оби­де­ме се­то тоа да го кре­не­ме на ед­но по­ви­со­ко ни­во.

sofka 4 (Custom)

Се­ко­гаш ко­га го­твам, ја ми­ри­сам хра­на­та за да по­чув­ству­вам да­ли е до­бро

Што са­каш најм­но­гу да ја­деш и да го­твиш и ка­ко ја до­жи­ву­ваш хра­на­та?

КАМИЛОВСКА: Има де­но­ви ко­га сум мно­гу умор­на и не са­кам да го­твам. И то­гаш на­ра­чу­вам пи­ца. Ко­га сум до­ма са­ма, не го­твам са­мо за се­бе. Мо­ра да имам го­стин за да го­твам. Освен ако не ми дој­де не­ко­ја инс­пи­ра­ци­ја, да ви­дам да­ли не­ко­ја со­стој­ка си од­го­ва­ра со не­ко­ја дру­га. Не знам, мо­же­би имам сре­ќа, но мно­гу ре­цеп­ти ми се „по­га­ѓа­ат од пр­ва“. Но, по­те­шко е со де­сер­ти­те. Тие се мно­гу спе­ци­фич­ни, тоа е со­се­ма дру­га на­у­ка. Та­му мо­ра да би­де по­го­де­но до ми­ли­гра­ми за да би­де ка­ко што тре­ба. Мно­гу крем-бру­ле имам фр­ле­но пред да го на­пра­вам та­кво ка­кво што тре­ба. Се­ко­ја хра­на ми е уба­ва и са­кам да ја­дам. Се­ко­гаш ко­га го­твам, ја ми­ри­сам хра­на­та за да по­чув­ству­вам да­ли е до­бро. Мно­гу е важ­но до­де­ка го­твиш да ѝ да­ваш љу­бов на хра­на­та. По ист ре­цепт да го­тви­ме јас и ти, ако ти не си рас­по­ло­же­на, а јас сум вне­се­на, це­ла­та енер­ги­ја ја да­вам ту­ка, не­ма да из­ле­зе исто, без раз­ли­ка што со­стој­ки­те и на­чи­нот на под­го­то­вка е ист. Нај­важ­на­та со­стој­ка на се­ко­ја хра­на е љу­бо­вта!

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top