Регулаторната комисија треба да ги соопшти новите маопродажни цени на бензините според нивниот редовен термин.
Согласно Законот, Регулаторна на секои две недели врши корекција на цените на нафтените деривати согласно промената на цените на суровата нафта на светските берзи. Рокот од две недели истече денеска, но поради велигденските празници, нови цени на горивата може да очекува утре кога ќе занеме дали од среда ќе возиме поскап или поевтин бензин и дизел гориво. Она што загрижува е растот на цената на суровата нафта на светските берзи. За само неколку дена нејзината цена се зголеми од 90 на 97 долари за барел. Со тоа е прекинат трендот на пад на цената на нафтата и на горивата. Цената на нафтата американската „лесна“ нафта за испорака минатиот месец на светските берзи поевтини за 20 центи на 91,75 долари за барел, додека цената на европскиот „брент“ од Северното Море се намали за 37 центи на 110,48 долари за барел.
Според „Бизнис Инсајдер“ скокот на цените на нафтата можно е да се должи на тензиите на Блискиот Исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.