| четврток, 6 декември 2018 |

Мила Кунис откри сочни детали за врската со Ештон Качер

32-годишната Мила, која моментно го чека своето второ дете, отрки дека почетокот на нејзината врска со Ештон Качер била слична со таа од неговиот филм „Без обврски”.

Да се потсетиме накратко на филмот. Ештон и неговата парнерка, Натали Портман, почнале врска без обврски, сè додека двајцата не сфатиле дека се лудо вљубени еден во друг.

мила-4-

-Не знам дали јас смеам да ја кажам таа приказна, затоа што би можела да бидам во неволја. Двајцата глумевме во слични филмови и требаше многу да внимаваме, затоа што такви работи не секогаш успеваат во реалниот живот. Но, бидејќи живеевме во нашите филмови, ние само си подадовме рака и рековме дека само ќе се забавуваме – изјави Мила.

Ештон Качер и Мила Кунис

Ештон Качер и Мила Кунис

Исто така, призна дека ни на двајцата не им паднало на памет да се венчаат, затоа што претходно биле во долгогодишна врска. Ештон беше во брак со Деми Мур, додека Мила беше во врска со ѕвездата од филмот „Сам дома”, Меколи Калкин.

-Три месеци подоцна сфатив дека таквиот однос не ми беше веќе забавен. Една година подоцна решивме да се венчаме – призна Мила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top