Семејниот автомобил на Марјановиќ е виден во Светогорска улица, паркиран точно преку улица на влезот на зградата во која живее Никола Маријоковиќ, кој е приведен на четириесетдневниот помен на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ, по чијшто убиец сè уште се трага.
Автомобилот марка „мерцедес“, на кој биле вклучени сите четири светла, бил паркиран на улица, а на задното седиште биле Владимир Марјановиќ и неговата внука Јана, ќерката на пејачката.
По некое време Зоран Марјановиќ, мажот на убиената Јелена излегол од зградата, ставил нешто во багажникот и се одвезол во непознат правец.
За потсетување, кога беше уапсен Никола на поменот на Јелена, Зоран изјавил дека не го познава и дека тој не бил пријател на пејачката, како што приведениот тврдел во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.