Организаторите на пучот во Турција планирале да го обвинат Реџеп Таип Ердоган и неговите соработници за поддржување на тероризмот и преговори со Курдската работничка партија.
Тоа го јавија турските медиуми повикувајќи се на документи кои ги ги откри полицијата, пренесува „Раша тудеј“.
Откриено е и барањето да се покрене судска постапка против турската Влада. Барањето е пронајдено при претресот на канцеларијата на обвинителот Мехмет Села во Истанбул, кој е притоврен по неуспешниот државен удар.
Ако пучиситите успеале во намерата да го тргнат Ердоган од власт, ќе била спроведена истрага врз база на тезата дека турскиот претседател и неговите соработници сториле кривичо дело помагање на терористичката организација, така што ги игнорирале подготовките за терористички напад, наведува извор од турското обвинителство за агенцијата „Анадолија“.
Според барањето кое не е потпишано, а има датум од 2016 година, Ердоган и неговите соработници би биле кривично обвинети поради „процесот на решавање“ на курдското прашање кое во земјата трае со децении.
Во документот кој е пратен во канцеларијата на главниот јавен обвинител во Инеголу во Бурса, се обвинува турското раководство дека ја поддржува Работничката партија на Курдистан која во Турција се смета за терористичка.
Најтешко се обвинети Ердоган, министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, шефот на информативната служба Хакан Фидан, гувернерите на провинции, поранешниот премиер Ахмет Давутоглу и поранешни заменици, а се товарат за спроведување на мировни разговори со Партијата од 2009 до 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.