| четврток, 6 декември 2018 |

Генералот Озтурк призна дека го организирал воениот удар

Поранешниот командант на турските воздухопловни сили Акин Озтурк призна дека го органзирал воениот удар, Јавува агенцијата Анадолија, пренесува Ројтерс.

Турските безбедносни сили го споведуваат големото чистење во восјакта по неуспешниот удар, во тек се рации во воздухопловната база Инџирлик. Досега се уапсени преку 103 генерали.

Генералот Акин Озтурк изјавил во истрагата дека „дејствувал со намера да организира државен удар“.

Фотографиите од уапсениот генерал, што ги објави Анадолија покажуваат дека има повеќе повреди на главата и горниот дел од телото.
Претходно тој негираше каква било вмешаност во обидот за државен удар и инсистираше на тоа дека тој работел за да го спречи тоа.

Анадолија објави и дека тој е еден од 70 генерали и адмирали кои биле притворени.

Во меѓувреме, повеќе од 8.000 полицајци се суспендирани и принудени да го предадат оружјето, како дел од чистка на официјални лица осомничени за вмешаност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top