Каталонскиот весник „Спорт“ во своето денешно издание го претстави опширното интервју со легендарниот капитен на Барселона, Чави Ернандез, а, секако, една од темите што предизвикаа посебно внимание меѓу читателите беше таа што е поврзана за Лионел Меси.
За време на разговорот, Чави добил прашање за тоа на кого гледа како идеален наследник на Меси на „Камп ноу“, а интересниот одговор што го дава неповторливиот играч од средниот ред доволно говори за тоа колку го почитува, а воедно и ги цени квалитетите на неговиот поранешен соиграч со кого освои толку многу титули во Барселона.
– Кој ќе биде наследник на Меси во Барселона? Одговорот е многу едноставен, никој. За мене, едноставно не постои наследник на Меси, нема да го видиме. Има многу добри фудбалери во светот, но мислам дека никогаш повеќе нема да видиме играч како него. Толку години е на врвот, освои толку индивидуални и клупски трофеи, ќе биде ненадминлив. Кога Меси ќе ја заврши кариерата, на приближно ниво ќе бидат Нејмар, Азар и уште пет или десет фудбалери. Сепак супериорноста на Меси не може да се спореди со нив – истакнал Чави за „Спорт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!