| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка од народот: Како беше пречекан Ердоган во Истанбул (Видео)

Илјадници Турци со воодушевување го пречека претседателот Реџеп Тајип Еродган вчеравечер на аеродромот во Истанбул. Со тоа тој ги отфрли сите шпекулации дека побегнал од земјата.

Ниту една сила не е над народот и одговорните за бунтот ќе го добијат неопходниот одговор, независно од тоа на која институција и припаѓаат, изјави рано изутринава турскиот претседател Реџеп Тајип Еродган во обраќање до нацијата од истанбулскиот аеродром „Ататурк“.

– Лицата одговорни за обидот за воен преврат ќе бидат најсурово казнети, порача Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top