| четврток, 6 декември 2018 |

Пишев: Цела Струмица, а сега и Македонија, ги знае криминалите на Зоран Заев

645 метри квадратни на луксузен хотелски комплекс се легализирани и лажно прикажани дека се изградени порано од тоа што се со цел да бидат опфатени со законот за легализација на дивоградбите кој го донесе владата.

Ова денес го изјави на прес конференција Васил Пишев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова зад мене е огромниот комплекс со кој потписот на струмичкиот градоначалник Зоран Заев на општината Струмица со која тој раководи незаконски легализирал дивоградба која никако не смеела и не требала да биде легализирана. Oвде имаме случај на незаконско постапување, фалсификување, узуприрање на државно земјиште и изигрување на законот. Свесно, намерно, овој објект иако е изграден во 2013 година бил прикажан дека е изграден во 2011 година со цел да се озакони овој криминал опфати со законот за легализација по 1 евро. Згора на тоа е узурпирана за приватни цели огромна површина на државно земјиште, со што се прави уште поголема штета за граѓаните. СДСМ и општината Струмица нема да може да ја спасат од срамниот криминал штурите соопштенија со по три реда во кои ништо не кажуваат и се правдаат. Состојбата е јасна. Цела Струмица, а сега и цела Македонија, знае дека во 2011 кога лажно прикажале дека се изградил овој објект тука беше празна ливада, со неколку дотраени објекти. А веќе од сателитските снимки од 2013 година се гледа дека објектот е изграден, дека има вистинска хациенда и огромен бесправно изграден хотелски комплекс. Ова, според интервјуто на Заев, е неговото најомилено место, а сега знаеме и зошто тука лежи огромен криминал кој институциите ги повикувам да го испитаат, истакна Пишев.

Подносител на барањето за легализација на комплексот е Ристовски Коце од Струмица, кој подоцна и го препишал на својата сопруга. Фирмите на Ристовски Коце, рече Пишев, се дел од богатата тендер мрежа на кланот Заеви.

-Ова зад мене, како и Глобал, е жив сведок на криминалот на Зоран Заев, класично изигрување на законите. Наместо заштитник на средната класа, Зоран Заев е измамник кој печали на грбот на мерките наменети за средната класа. Ова е срамен пример за тоа како Заев ја користи секоја прилика да го изигра законот и овозможи енормно богатење за сметка на незаконското постапување. Го повикувам Зоран Заев јавно да си поднесе оставка. Зоран Заев е до гуша во криминал, заклучи тој.

Пратеникот Пишев уште еднаш јавно ги повика институциите да влезат и да го расветлат овој криминал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top