Во Велес вечерва околу 20 часот се запали градската депонија. Во гаснењето на пожарот учествуваат вработени од јавното претпријатие „Денвер“ кое стопанисува со оваа депонија.
Командирот на Противпожарната единица во Велес, Љупчо Лепидовски изјави дека засега не е побарана помош од нив.
– Засега не сме повикани, но ако побараат помош, ќе интервенираме во гасењето на пожарот – истакна Лепидовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.