| четврток, 6 декември 2018 |

Манекенката сѐ уште заинтересирана за поранешниот сопруг – Марко, никогаш не си изгледал подобро

marko

Бразилската убавица Адријана Лима „падна“ на изгледот на својот поранешен сопруг Марко Јариќ од една свадба во Кан. Под неговата фотографија напиша комплименти.

Бев со тебе повеќе од 10 години и никогаш не сум видела олку добро да изгледаш. Задржи го овој изглед, напишала Адријана Лима на „Инстаграм’ на Марко, со што покажа дека сѐ уште не е имуна на неговата појава.

Сепак, Марко не одговорил.

marko2

Тоа не е првпат Лима да остави коментари под Марковите фотографии. Претходно под една фотографија напишала „Згоден“.

Меѓутоа, Марко ги игнорира нејзините провокации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top