Турција во последно време е честа мета на терористички напади, а најголема причина за тоа е нестабилноста на регионот, како и конфликтите со ИД и со Курдската работничката партија. Во тие судири мета се често места на кои има најголема концентрација на луѓе, како што е аеродромот „Ататрук“.
Исламската држава неколку пати во последните години ја напаѓа Турција, најчесто со помош на бомбаши-самоубијци.
Турската влада истакнува дека се бори против ИСИС во Сирија и ги поддржува борците на сиријската опозиција кои војуваат против терористите, но и против режимот на претседателот Башар ал Асад.
Претседателот Ердоган за некои од претходните напади ја обвини Курдската работничка партија која Турција и нејзините сојузници ја сметаат за терористичка организација.
Меѓународниот аеродром „Ататурк“ минатата година е рангиран на 3. место на најпромените аеродроми во Европа.
Со 61,8 милиони патници тој е на 11. место во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


