| четврток, 6 декември 2018 |

Куме, како да се вика детето? Нека се вика Брегзит!

Двојка во Мексико во јужната сојузна држава Табаско и го даде на својата новородена ќерка името Брегзит, според референдумот на кој жителите на Велика Британија се одлучија да ја напуштат Европската Унија.

Малото девојче Брегзит е впишано во матичната книга во петокот, ден по референдумот на кој 52 отсто од граѓаните се изјаснија за излез од ЕУ.

Во Мексико е на сила закон кој забранува давање на имиња кои би можеле да предизвикаат исмевање од околината и чувство на непријатност кај детето. Меѓу забранетите имиња се наоѓаат „Робокап“, „Јаху“ и „Бетмен“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top