Шокантна фотографија од улицата во кинескиот град Бозхоу, молскавично се рашири низ интернетот. Имено, сред улица полна со луѓе изневерената сопруга ја донесе љубовницата на мажот, а потоа со помош на пријателка и се одмазди на брутален начин.
На фотографијата се гледа група жени како викаат и ја удираат девојката која наводно е видена со мажот на едната од нив. Љубовницата без маица лежи на подот опкружена со жени и случајни минувачи, а една од нив ја кубе за коса и ја удира со рацете и нозете по телото. Потоа се придружуваат уште две жени кои се обидуваат да и ги соблечат панталоните.
Една постара жена се обидува да ги спречи но без ефект. Една од напаѓачките во меѓувреме зема мобилен и ја снима и фотографира наводната љубовница додека таа плаче. Потоа ја тегне за коса за да улови подобар кадар, а другата повторно почнува да и врзува шамари.
„Зарем не ме препознаваш?!“, прашува гневната жена, наводно изневерената сопруга.
На кинеските друштвени мрежи се разви бурна расправа околу тоа кој е крив за оваа ситуација.
„Зошто жената е крива. Очигледно мажит има проблем, и него треба да го обвини“, „Требала да го истепа својот маж“, се коментарите на многумина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст