| четврток, 6 декември 2018 |

Оливер Ромевски добитник на признанието за развој на македонскиот стрип

Управниот одбор на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес одлучи годинашното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ да му го додели на Оливер Ромевски.

Тој е повеќегодишен стрип работник. Познат е како автор  и сценарист на стрип серијалот „ЕКО СТРИП-СКОПЈЕ ЗЕЛЕН ГРАД“, на   10  стрип албума „Ел Македонеро“ и главен продуцент на стрип-албумот „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ-ЛАВОТ ОД МАКЕДОН 2013“.

Признанието ќе му биде врачено за време на одржувањето на 10. Меѓународен салон на стрип „Велес 2013“ што треба да се одржи кон средината на октомври.

Од годинава, Стрип центарот на Македонија–Велес доделува и специјални признанија за исклучителна  помош и соработка дадена на македонскиот стрип. Годинашни добитници се: Фондацијата Институт Отворено Општество – Македонија и  фондацијата СОРОС Будимпешта, Министерството за култура на Република Македонија и Марко Стојановиќ од Србија – сценарист и стрип работник  од Лесковац.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top