| четврток, 6 декември 2018 |

Приватните автобуси ќе се обојат во иста боја

И приватните автобуси наскоро ќе мора да бидат сите исти, согласно одлуката на Град Скопје и новиот Закон за превоз во патниот сообраќај, пишува „Дневник“.

Со ова ќе се решат два проблеми – првиот е тоа што шарените автобуси го нагрдуваат градот, а вториот е тоа што граѓаните многу лесно ќе можат да ги разликуваат државните од приватните автобуси.

Од приватното претпријатие за јавен превоз „Мак експрес“ , за „Дневник“ објаснуваат дека градската одлука од минатата година содржела клаузула, според која, автобусите мора да се бојадисаат со црвена боја до стаклата, а нагоре со бела. Во спротивно сопственикот нема да добие лиценца.

Kако што објаснија од „Мак експрес“, бојадисувањето е над 1.000 евра, а мора да добијат и сертификат за компетентност за управител на фирма. За тој сертификат се посетува настава и се полага. Сето тоа чини 12.000 денари, а возилото мора да помине и на технички преглед, што исто така чини 12.000 денари. Истовремено, како што објасни Велески, цената на лиценцата е околу 7.000 денари.

Од второто приватно претпријатие, „Слобода превоз“, потенцираа дека не е проблем возилата да се унифицираат во бараната боја, но според првите луѓе, првин треба да се решат побитни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top