| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на поетска книга од Кочо Топузоски вечерва во „Матица ексклузив“

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, денеска, 7 јуни (вторник) во 19 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Посланија и риданија“ од Кочо Топузоски…

Поетската книга „Посланија и риданија“ од Кочо Топузоски еиздание на издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје.

На страниците од своето најново поетско дело авторот застапува седумдесеттина песни, во кои пее за судбински теми од нашата историја и сегашност.

Изданието ќе го промовира проф.д-р Кристина Николовска, а стихови ќе интерпретира артистот Александар Џуровски, со музичка придружба на Христо Христоски-Мулар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top