
Освежување во Владата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ има смисла ако изборите не се случат за брзо време. Ако оние што ќе дојдат имаат доволно време да се покажат и да се претстават пред да дојдат изборите. Ако изборите се за брзо време, тогаш освежувањето ќе биде по изборите. Ќе видиме. Имаме ситуација кога СДСМ вели дека сака брзи избори, а всушност не сака брзи избори бидејќи знае дека ќе ги загуби, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во мегаинтервјуто за Телефраф.
За таа цел, за пролонгирање на изборите, користи разни изговори од типот избирачки листи и слично. И тоа им е јасно на сите, па и на меѓународниот фактор, иако јавно никогаш нема да го кажат тоа. Значи, ем не сакаат да одат на избори ем сакаат да се дел од владата, како да победиле на избори. А ако не се, се закануваат дека ќе правеле проблеми, кои проблеми во крајна линија се проблеми на државата и на народот. И пак поради тоа дополнително ќе губат. Само нека тераат вака. Партиски гледано ни одговара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


