| четврток, 6 декември 2018 |

52 мистерии во еден шпил: Тајната на карите е во нивната боја

karti kralevi

Ако досега сте мислеле дека четири крала во картите ги претставуваат Карло Велики, Давид, Цезар и Александар Македонски, сте биле во заблуда. Потеклото на европските карти не е утврдено, постојат податоци дека дошле од Кина, Индија, но и од Персија. Иако засега не се знае од каде точно потекнуваат, може да се утврди со голема веројатност кога се појавиле во Европа.

Италијанскиот поет и хуманист Франческо Петрарка (1304-1374) патувал по тогашниот свет и многу запишувал од патешествијата, но во хрониките ниту еднаш не ги споменал картите, иако опфатил толку многу теми што ги споменал коцката и коцкањето.

Исто така, неговиот пријател и современик Бокачо не оставил пишана трага за картите. Во декретите со кои се забранува коцкањето, издадени од Црквата во 1363 година и од Карло Петти од Франција во 1369 година, исто така не може да се најде ништо за картите. Сепак, во проповедите на германскиот монах Јохан, на едно место стои: „карташките игри ни стигнаа оваа година, која е MCCCLXXVII Господова година“, а истата година, 1377 година, биле издадени и првите забрани за играње карти, прв ги забранил Хуан од Кастилја, а птоа биле заранети во градовите Фиренца и Базел, следната година во градот Регензбург, с две години подоцна во Кнежеството Брабант. Значи, можеме да бидеме сигурни кога ќе кажеме дека картите за играње првпат стигнале во Европа во втората половина во 14 век.

karti 4

Составот и изгледот на шпиловите се разликувале во различни временски етапи, но и географски, посебно по бројот на картите во шпилот, но спојот на картите со броеви и слики и поделбата на картите во различни одела, биле стандарди карактеристики од почетокот.

Италијанските шпилови имале 56 карти: четири типа карти – крал, кралица, витез и момче поделени во четири видови – пехари, мачеви, парички и палки. Како што се ширела нивната популарност во Европа, така побарувачката за карти значително се зголемила. Како последица, картите станале поевтини и масовно се произведувале, за разлика од дотогашните рачно боени карти. Во тој период, џандарите биле исфрлени од шпиловите и составот на стандарден шпил бил сведен на 52 карти.

karti germanski

Кога Шпанците го прифатиле картањето, кралицата ја замениле со коњаници (caballeros). Германците слично ја исфрлиле кралицата од шпиловите и ги именувале штиховите; крал (könig), виш човек (obermann) и понизок човек (untermann).

Германските карташи исто така ги модифицирале видовите, менувајќи ги претходните француско-италијански симболи со свои ѕвончиња, срца, лисја и желади.

Французите направиле дополнителни промени, го исфрлиле оберманот и повторно ја вовеле кралицата. Исто така ги усвоиле германското срце и листовите кои подоцна станале познат симбол – пик и ги замениле ѕвоната со дијаманти (од француското каро, каде со восок била насликана калдрмата која се користи во црквите).

Во текот на годините, разни научници ја изнеле идејата дека четирите шпила на карти треба да претставуваат четири класи на средновековното општество. Италијанските пехари или трофеи, ја симболизираат Црквата, мачевите војската, паричките трговците, а палките селанството.

karti1

Слично, германските ѕвона (посебно ѕвоната на соколите) го симболизираат благородништвото, поради нивната љубов кон соколарството, срцата ја симболизирала Црквата, лисјето средната класа, а желадите селанството.

На француските карти, пиковите ја претставуваат аристократијата, како шилците на копјата, оружјето на витезите, срцата уште еднаш ја претставуваат Црквата, дијамантите знак на богатство, по поплочениот камен кој се користи во црквите каде биле погребувани големи луѓе, а детелината (храна за свињите) го означувала селанството. Ова секако се историски шпекулации.

Француските симболи на видовите претставувале полесна матрица и француските карташи сфатиле дека не мора посебно да ги гравираат сите 12 штихови, како што правеле нивните германски соперници. Французите едноставно направиле еден дрвен блок или бакарна плоча за секој од трите штиха, ги отпечатиле картите на нив и подоцна само ги умножувале видовите. Французите така биле во состојба да ги надминат Германците во производството, така францускиот дизајн на крај станал стандард за поголемиот дел од Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top