| четврток, 6 декември 2018 |

Се разведува најпознатата „јутјуб“ двојка

Џеси Виленс и Џена Смит кои пред скоро седум години го основаа својот „јутјуб“ канал на кој до солзи ги смееја своите верни гледачи и со нив го делеа секој момент од својот живот, се разведуваат.

Двојката сними емотивно видео во кое ја информира јавноста, односно своите верни следбеници дека не можеле да го издржат притисокот на јавноста. Со плачње го снимилиле последното заедничко видео, кое до сега има 4,5 милиони прегледи.

Џеси објавил дека ќе направи пауза од блогирањето и од врската и планира да се пресели во Њујорк сити, а Џена ќе остане во Филаделфија.

– Можеби вам секојдневното снимање ви е забавно, но тоа создава притисок на нас и стана токсично за нашата врска. Знам дека многумина ќе бидат разочарани. Секојдневното делење на нашата врска со милиони луѓе онлајн скоро седум години не е здраво – изјави тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top