Јелена Ѓоковиќ доби илјадници негативни коментари поради фотографијата на нејзините две пудлици кои спијат во ресторан во Монте Карло кој со Новак го отворија неодамна.
Имено, бројни обожавателите коментираа дека не е во ред пудлиците да спијат на место каде се служи јадење, а на сите нив госпоѓата Ѓоковиќ им одговори дека пудлиците се мали кучиња кои не се митарат премногу.
Но веќе со следната фотографија која ја сподели на социјалните мрежи Јелена предизвика воодушевување кај илјадници обожаватели. На фотографијата малиот Стефан му се „заканува“ на нивното куче Пјер поради тоа што се качил на компјутерската маса на неговата мајка.
-Пјер што правиш на масата на мама?“, напишала Јелена како коментар до фотографијата која за рекордно време стана хит на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.