| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски – Роберт де Грот: Целта на ВМРО-ДПМНЕ е брзо надминување на политичката криза (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска се сретна со државниот директор за европска соработка во Министерството за надворешни работи на Холандија, Роберт де Грот.

34a8e0b9-e3e6-4169-81ef-14c9a18fe8bb-1024x533

Соговорниците, како што соопштија од партијата, разговарале за актуелните случувања поврзани со политичката криза, предизвиците со кои се соочува државата, како и остварувањето на стратешките цели и интереси на Република Македонија.

Груевски истакнал дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е брзо надминување на политичката криза, и враќање на процесите во нормала, обезбедувајќи сигурност и стабилност потребна на граѓаните.

Посочил и дека при носењето на одлуките партијата се води од интересите на државата, запазувајќи ја, како што потенцирал, волјата на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, истакнал тој, е отворена за постигнување на решенија кои би значеле додадена вредност на процесите важни за државата.

Соговорниците разговарале и за евроатланските интеграции на државата при што Груевски посочил дека влезот во ЕУ и НАТО преставува стратешка цел за што и се превземаат активностите и мерките предвидени со акцискиот план, а кои се во насока на унапредување на критериумите во повеќе суштински области од судството, администрацијата, медиумските слободи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top