| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски и Ременски повеќе не се министри, Собранието ги констатира нивните оставки

tehnicki ministri sdsm

Собранието го констатира оставките на техничките министри и замениците-министри од редовите на СДСМ, кои според Пржинскиот договор беа дел од техничката влада на РМ, објави претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељановски, на 101 седница на Собранието, која беше закажана за 16 часот.

Оливер Спасовски од Министерството за внатрешни работи, Форсина Ременски од Министерството за труд и социјална политика и замениците-министри за земјоделие, информатичко општество и финансии Љупчо Николовски, Александар Кирацоски и Кире Наумов повеќе не се членови на Владата на РМ.

Претседателот на Владата Емил Димитриев денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ташевска Ременски, како и на дополнителните заменици–министри од редовите на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top