| четврток, 6 декември 2018 |

Сакате да го смените животот? Секое утро направете една ситница и работите ќе одат на подобро

Животна лекција од војничкиот живот ќе ви го смени животот од корен.

Вилијам Мек Ревен е американски адмирал кој пред неколку години одржал инпиративен говор и на луѓето им објаснил зошто е важно наутро да си го наместат  креветот.

admiral

-Секое утро додека бев на обука, во собата ни доаѓаа надредените, инаку ветерани од Вијетнам, ни ги контролираа спалните соби за да се уверат дека бесрекорно сме го наместиле креветот.  Тоа е прилично едноставна задача – рабовите мора да бидат остри, прекривачот беспрекорно затегнат, а перницата убаво центрирана. Сепак, колку и да сето тоа ми делуваше бесмислено, бидејќи бевме на обука за да станеме вистински војници, „Фоки“  со тек на времето  ја согледав мудрсота која се состои од тој утрински ритуал“, појаснува Вилијам.

-Доколку секое утро ја извршите таа едноставна задача тоа ќе биде првата успешна задача која сте ја направиле тоа утро и ќе ве охраби да извршите уште една, па уште една. На крајот на денот ќе добиете голем број на успешни задачи.

Со местење на креветот ќе ја разберете важнста на малите работи – доколку не можете да се посветите на решавање на малите задачи, нема да можете да ги направите ниту тие поголемите. Всушност, по долг и напорен ден секогаш може да се вратите дома и да си легнете во креветот кој претходно сте го наместиле.

Ако сакате да го смените светот,почнете така што секое утро ќе го наместите креветот – заклучил на крајот овој адмирал.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top