САД, 18 мај – Милионерот Џорџ Сорос, кој троши милиони долари на финансирање демократи и левичари, ја користел контроверзната панамска адвокатска фирма “Мосак Фонсека” за да создаде мрежа од офшор инвестициски партнерства кои ќе работат во светот и надвор до релулативата на САД, објавија американската Фокс и австралиската news.co.au
Според овие два медиумиски гиганти, во Панамските документи има информации за три офшор инвестициски фондови под контрола на Сорос: Сорос финансии инк, основана во Панама; Сорос холдинг лимитед со седиште на Британските Девствени Острови и Сорос капитал, основана на Бермуди.
“86-годишниот Сорос, чие богатство е проценето на 25 милијарди долари, лани преку својот Институт Отворено општество му дал грант од 1,5 милиони долари на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ).
Претседателот на ИЦИЈ, новинарот Џерард Рајл, вели дека не забележал компании на Сорос во протечените податоци за офшор зделки додека не му се јавиле од Фоксњуз”, објави австралиската нењс.цо.ау.
“Се сомневам дека имаме повеќе податоци за Сорос, бидејќи јавната база на податоци не ги содржи податоците што ги посочивте”, стои во одговорот на Рајл на писмото на Фоксњуз.
Надвор од даночните регулативи на САД
Според Њуз и Фокс, бидејќи седиштето на Квантум групацијата на фондови е надвор од САД, фирмата не подлежи на законите и даночните регулативи на Комисијата за безбедност и размена на САД. Но, во средината на деведесеттите Сорос капитал купил неколку фирми кои се во надлежност на Комисијата за безбедност и размена, со што требало да ја прикаже основната шема на Квантум мрежата која поврзува офшор компании и банкарски сметки кои ги кријат Соросовите милијарди.
Продажба на оружје
“Сорос капитал формира офшор компанија со седиште на Кајманските Острови за вложување приватен капитал со Карлајл груп, вклучувајќи ги и членовите на семејството на Бин Ладен од Карлајл груп од Саудиска Арабија. Партнерите Карлајл се и поранешни шефови на држави (Џорџ Буш) и поранешни функционери на ЦИА. Оваа приватно парнерство се занимава со купување и продажба на оружје, производство и собирање на разузнавачки информации со владини и воени договори, а костисти и тајни офшор компании за водење на бизниси”, пишува Њуз.
Протечените документи за офшор зделки не содржат информации на Комисијата за безбедност и размена, но го откриваат Сорос како главен инвеститор и директор на АИФ (Индонезија) лимитед (Инфраструктурен фонд на АСЕАН – Асоцијација на нациите од Југоисточна Азија). АИФ здружува приватни и државни фондови кои се донација на владите на земјите од АСЕАН за развој на крупни инфраструктурни проекти. Протечените податоци го поврзуваат Сорос капитал со Донгја портс лимитед, која е во сопственост на многу офшор ентитети.
Милијарди се слеваат во Квантум
“Во 1992 година, овој самопрогласен филозоф-економист успеа да се збогати со речиси пропаднатата Банка на Англија преку манипулирање со цената на фунтата. Пет години подоцна, тој ја влошува регионална економска криза со обложување против Тајландските и Малезијските валути. Милијарди долари профит од валутите заработени на овој начин се слеваат во Квантум групацијата на фондови. Сорос е единствен сопственик на Сорос фонд менаџмент со седиште на Менхетн, фирма која ја контролира офшор империјата. Во јули 2011 година Сорос го затвори фондот за сите освен за членовите на своето потесно смејство, што му овозможи да го избегне Дод-Франковиот закон за хеџ фондовите да ги открие инвеститорите. Неколку месеци подоцна Сорос ја загуби последната жалба на неговата осуда од 2002 година од страна на францускиот суд за инсајдерско тргување. Но, тој успева да ја зачува политичката моќ”, пишува австрилиски Њуз.
милиони за Отворено општество
“Во 2014 преку Квантум групацијата на фондови Сорос донира 381 милион долари на Отворено општество. Фондацијата со седиште во Њујорк поддржува илјадници адвокатски групи, академски истражувањаи проекти од истражувачко новинарство кои имаат цел да промовираат голбален капитализам и демократија.
Офшор компаниите на Сорос можеби не плаќаат даноци на САД (неговиот портпарол, Мајкл Вачон, одби да одговори на тоа прашање), но милијардерот донира многу пари на демократите во САД кои ги спроведуваат даночните закони”, објави Њуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.