Откако синоќа беше пријавено дека исчезна пејачката Шнејд О’Конор, полицијата ја најде и безбедно ја врати дома. Потоа таа на социјалните мрежи објави писмо наменето за својот прв сопруг, продуцентот Џон Рејнолд и нивниот син Џејк, но и за другите членови на своето семејство.
– Кажи му на тој нашиот зол син дека личност која боледува од два здравствени проблеми чии симпотми вклучуваат самоубиствени тенденции не е манипулатор ако вели дека ќе се убие, а тој се однесува како шовинистички насилник како својот дедо. Сите ме напуштија бидејќи сум суицидна. Ме оставивте да умрам. Кажи му да престане да се однесува дека му е грижа ако умрам. Подобро за вас е да се надевате оти ќе умрам, бидејќи сите ќе ве тужам за она што ми го сторивте, ако успеам да го доживеам – напиша О’Конор на „фејсбук“.
Таа го обвини поранешниот сопруг дека неа, но и бројни други жени се обидел да ги наговори да абортираат и тврди дека е директно одговорен за нејзините психолошки и емотивни проблеми.
– Вам ви е потребен психијатар. На сите вас. Ќе се видиме на суд. Ќе барам отшета. Не можам да работам, ги загубив сите приходи. Имам огромни болнички трошоци и огромни трауми од вашете мачење – порача О’Конор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.