В четврток британскиот премиер Дејвид Камерон ќе биде домаќин на меѓународниот самит за борба против корупцијата чија цел е да се преземе глобална акција по ова прашање во сите аспекти од животот. На видео снимката којашто ја објави ITN, се гледа како Камерон разговара со кралицата Елизабета Втора за самитот.

Утрово имавме многу успешен состанок на кабинетот на кој разговаравме за самитот за борбата против корупцијата“, вели Камерон на снимката додека кралицата му се приближува, „Ќе дојдат и Нигеријците.., всушност во Британија ќе дојдат челниците на некои неверојатно корумпирани земји. Нигерија и Авганистан, двете веројатно најкорумпирани земји на светот, вели британскиот премиер.
Кралицата не одговара на коментарот на Камерон, но надбискупот од Кантербери на тоа вели „Но, тој претседател, всушност, не е корумпиран“. Останува тајна на кого мислел надбискупот.
Нигерискиот претседател Муахмаду Бухари и авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кои ќе учествуваат во работата на лондонскиот самит, изјавија претходно дека се свесни за степенот на корупцијата во нивните земји и ветија дека ќе настојуваат да ја искоренат
Според последните податоци за корупцијата коишто ги собира групата Транспарентност, Авганистан е на 166 место, односно претпоследното место на годишната листа на најкорумпираните земји во светот. Само Северна Кореја и Сомалија, кои го делат 167 место, се покорумпирани. Нигерија на споменатата листа го зазема 136 место.
Засега не е познато дали Камерон бил свесен за фактот дека неговата комуникација со кралицата се снима додека присуствуваше на настан по друг повод во Бакингемската палата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


