| четврток, 6 декември 2018 |

Статус на „фејсбук“ за совршниот маж кој го споделија 121.386 луѓе

Либи Сандерс го загубила поголемиот дел од малиот прст на левата рака во една бизарна несреќа додека ја затворала вратата во куќата. Иако оваа медицинска сестра од Аризона се помирила со фактот дека го нема веќе прстот, му признала на својот сопруг дека повремено се чувстува лошо поради тоа и тоа кога става лак на ноктите.

13091897_10153502280849147_4629968334869573968_n

– Ова е човекот за кој се омажив. Еднаш, лакирајќи ги ноктите коментирав дека секогаш заборавам дека веќе немам еден прст. Тогаш Мет ми рече: Јас ќе бидам твој заменски мал прст. Можеш да го лакираш мојот нокот до крајот на животот“. Не можам да замислам посладок и пољубезен маж од ова. Нема зборови со кои може да ја опишам нашата љубов – напиша Либи на „фејсбук“.

13076743_10153502280854147_3422509866112877912_n

Овој статус за само една недела го споделиле повеќе од 121 илјади луѓе.

Целиот случај доби интересен тек и стана дел од хуманитарен проект во кој Либи Мет Сандерс го лакираат нокотот на малиот прст по симболична цена од еден американски долар, а сиот приход е за хуманитарни цели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top