| четврток, 6 декември 2018 |

Цела македонска естрада на промоцијата на новиот албум на ДНК

Македонското „ар-ен-би“ дуо, ДНК, синоќа пред голем број на колеги, соработници, познати лица од естрадата, спортисти, медиуми, пријатели, роднини и спонзори го промовираше својот најнов албум „Уште еден ден“.

– Ова е посебен ден за нас. Во ова турбулентно време, би сакал да ги поздравам сите спонзори, пријатели и подржувачи на ова ЦД на ДНК, без кои истото немаше да се појави во јавноста. Имаме 12 нумери, а за оној уметнички и музички дел, најголем виновник е Лазар Цветковски, кој за мене е музички Ајнштајн, не само во Македонија туку и на Балканот. Тој ни е како трет член. Ако не е тој, ние сигурно немаше да постоиме. Вечерва ќе го промовираме и спотот за темата „Стојам сам“, чиј комплетен автор е токму Лазар. Нашата, официјална веб страна www.dnk.mk има нов и редизајниран изглед, а на неа може да се најдат сите информации поврзани со нас. Би сакал да го најавам е нашиот концерт во ноември – изјави Панчо.

656f50d2-0c67-4542-8166-4d4d07fa01a7

На албумот се наоѓаат 12 композиции од кои седум се нови, а останатите пет беа промовирани како синглови претходно и веќе се хитови на радио станиците.

d544838c-c419-4a15-b5c1-fa77fe8d0cc0

– Ви благодарам на сите кои сте тука и за сите оние години што нè подржувате да работиме. Затоа што ако не сте вие, ако не сте вие кои нè сакаат, одамна ќе работевме нешто друго – изјави Андреј.

38e804a6-60e3-470a-a66e-bc678b598af5

Најпопуларната македонска манекенка, Катарина Ивановска, поп ѕвездата Елена Ристеска, македонските ракометни репрезентативци Столе Стоилов и Дејан Манасков, популарните наши пејачи Сара Мејс, Влатко Лозановски, Дарко Илиевски, Викторија Лоба, Роберт Билбилов, Бени Шакири, Златко Ориѓански, водителките Лила Филиповска, Јелена Спенџарска и уште многу новинари беа дел од коктел забавата.

9836eee8-1cfa-4418-8a9e-be83bfb46ba5

За време на промоцијата на „Уште еден ден“ беше претставен и видео записот за новиот сингл на познатото дуо, насловен како „Стојам сам“.

28875ad6-c6db-4acf-b24e-cc590846e296

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top