| четврток, 6 декември 2018 |

Симеоне пред суспензија, Атлетико Мадрид без својот тренер во финалето во Милано?!

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне може да добие драстична санкција за своето дивеење на синоќешниот натпревар против Баерн Минхен.

diego simeone

Темпераментниот Аргентинец во првото полувреме влезе во конфликт со клупата на противничкиот тим, а во второто дури и го удри секретарот на својот клуб Педро Пабло Матесанс кој се објаснуваше со четвртиот судија околу една замена. Ако УЕФА се придржува кон својот правилник, Симеоне треба да биде суспендиран на најмалку три натпревари што би значело дека нема да може да го води својот тим во финалето од Лигата на шампионите на 28 мај во Милано.

Аргентинецот веќе е казнет во шпанското првенство каде нема да го води Атлетико до крајот на сезоната поради тоа што фрли топка на дуелот со Малага пред две кола. Освен тоа, тој доби суспензија од три натпревари по финалето од Лигата на шампионите во 2014 година бидејќи влезе во конфликт со противничките фудбалери и влезе во теренот да се пресмета со Рафаел Варан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top