Таткото на познатиот актер Вуди Харлесон, Чарлс Харлесон, бил платен убиец кој е осуден на двојна доживотна казна. Таткото на актерот го убил судијата Џон Вуд, а осомничен е и за низа други убиства.
Тоа што медиумите го наведуваат кај најшокантен детаљ е дека таткото на славниот актер бил замешан и во убиството на претседателот Џон Ф. Кенеди.
Како што кажал актерот, тој за професијата на својот татко дознал преку радио, кога слушнал дека му се суди на неговиот татко, кој него и неговата мајка ги напуштил во 1968 година.
Чарлс бил осуден на две доживотни казни и починал во затвор во 2007 година, а пред самата смрт актерот по многу години го посетил во затворот. Вуди Харлесон е најпознат по улогата „Платени убијци“ и „Белците не умеат да скокаат“.
Можеби токму поради фактот дека татко му бил тежок криминалец, Харлесон е познат како голем хуманитарец. Тој се занимава со проблемите на екологијата и зачувувањето на планетата, но познат е и како заговорник за легализација на марихуана. Наводно во една прилика на питачка и дал 600 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст