Грчев во колумната пишува дека „Скопје 2014 треба да се урне и да се изнесе од градот како градежен шут“, не штедејќи разни вулгарни зборови за спомен- обележјата кои ја претставуваат македонската историја.
-Тие диви меса израснати на кожата на градот, на јавните градски простори, ах, тие тумори на историското ткиво на градот, всушност, гнасни екскременти на глупоста и злото, тие градежни исероци на една криминална диктатура се заштитени со закон како споменици на културата?! Ах-хахаха!, пишува Грчев.
– Tреба да се повикаат сите политичари од опозицијата, сите видни активисти од невладините организации, потоа јавните личности од углед и интегритет, интелектуалци и трудбеници, конечно, сите граѓани со зачувана виделина и достоинство, да и се придружат на „шарената револуција“ во боењето на Спомениците на Злото.
Ваквите зборови на Грчев се само реафирмирање на неговите ставови кои ја негираат македонската историја и култура. Пред извесен период, токму Грчев во изјава за бугарска телевизија имаше срамна и понижувачка изјава за македонскиот народ. Тој ги смета за дилетанти и будали сите они кои говорат за македонската историја и култура.
-Само дилетант, само будала може да зборува за македонската култура, за македонската праисторија, во неолит и палеолит. Тоа во нормални земји би требало да биде како дел од пародии и комедии. Кај нас на тие луѓе им даваат микрофони и говорници сериозно да говорат и д аго срамат својот народ, изјави тогаш Грчев.
Во колумната за „Плусинфо“, Грчев практично ја објави целта на хулиганите и деликвентите на Заев кои атакуват врз македонските спомен-обележја за да ги урнат. Во досегашните протести на опозицијата беа уништени низа спомен –обележја, меѓу кои симболот на децата бегалци од Егејска Македонија, споменикот на АСНОМ, спомен-обележјата на Порта Македонија, објектот на Министерството за култура, скулптурата на Прометеј и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)