| четврток, 6 декември 2018 |

Смена на шефот на германското разузнавање!?

uvolnqvat-shefa-na-germanskoto-razuznavane-371970

Шефот на германското разузнавање БНД ( Бундеснахрихтендинст) Герхард Шиндлер, ќе биде сменет од функцијата во најскоро време, пишува на сајтот на „Билд“.

Според податоците на германскиот весник, на местото на Шиндлер функцијата ќе ја превземе  53 годишниот Бруно Кал, доверливо лице на министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Сојузниот канцелар Ангела Меркел во понеделникот го повикала 63 годишниот Шиндлер и го информирала за оваа одлука.

Се очекува денеска тоа да биде официјално објавено.

Шиндлер е на чело на федералната разузнавачка служба од 2012 година. Тој во Германија беше остро критикуван во врска со скандалите околу соработката на германското разузнавање со Агенцијата за национална безбедност на САД.

Опозицијата постојано инсистираше Шиндлер да биде отпуштен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top