Само неколку минути пред да пониме турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по трасата предвидена за движење на турската делегација, се случил инцидент. Непосредно пред да биде затворена улицата која води кон загрепскиот аеродром, на раскрсницата на улиците „Вуковарска“ и „Хрватска братска заедница“ дошло до сообраќајна незгода. Во незгодата учествувале два прватни автомобили. Засега не е познато дали има повредени, но очигледно е дека има голема материјална штета.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска пристигна во дводневна посета на Хрватска. Негов домаќин ќе биде хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, а Главни теми на разговор се очекува да бидат бегалската криза и приближувањето на Турција кон ЕУ, со јакнење на меѓусебните економски односи.
Турција ги започна преговорите за пристапување во ЕУ во 2005 година, истовремено со Хрватска. Досега отвори 14 од 33 поглавја, а само едно е привремено затворено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.