
Жител на Дебар уценувал сограѓанка дека ако не му даде пари ќе објави фотографии на кои таа е разголена. Дваесет и деветгодишната дебранка се уплашила и му дала 2.000 американски долари, но потоа го пријавила во полиција.
ПС Дебар поднесе кривична пријава за С.С.(33) од Дебар за сторено кривично дело „уцена“. Во текот на април 2013 година, пријавениот од 29-годишната жителка на Дебар побарал да му даде парични средства во износ од 2.000 американски долари, заканувајќи ѝ се дека ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина на интернет-страниците, по што таа исплашена за нејзиниот углед, на 20.04.2013 година, се сретнала со пријавениот и му дала поголема количина златен накит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе те кажам на мажот: Полицаец уценувал тетовка откако таа одбила да ја продолжи врската со него
-
Кривична за млад гостиварец: Ја уценувал својата девојка дека ако не му се смири, ќе објави нејзини експлицитни слики
-
Гостиварец уценувал тинејџерка: 400 евра или да излезе со него за да не објави нејзини експлицитни фотографии
-
Кривична за момче од дебарско: Ја уценувал бившата со еротски фотографии, ги пратил на татко и’, по роднини и пријатели


