Властите во Париз забранија движење на автомобилите по култниот париски булевар Шанзелизе секоја прва недела во месецот, во обид да го намалат загадувањето на воздухот, пишува британскиот весник „Гардијан“.
Првиот пешачки ден по најпознатиот булевар во француската престолнина ќе биде на 8 мај, бидејќи 1 Мај е празничен ден и организацијата на движењето не може да биде направена, најавија од општината.
Од тој ден па натаму сите автомобили по 2 километарскиот булеварот ќе бидат забранети секоја прва недела во месецот, кога музеите во Париз исто така се бесплатни за посетителите.
Девет други улици ќе станат пешачки зони секоја недела, како и на национални празници во рамките на програмата за борба против загадувањето „Париз дише“.
Според властите во Париз чистотата на воздухот е еден од главните приоритети. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) загадувањето на воздухот со ситни честички во Франција предизвикува 42.000 смртни случаи секоја година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Внимавајте каде се движите, скопската полиција денеска овде казнува несовесни пешаци (ФОТО)