| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатниот живот на кралицата Елизабета – се омажила за роднина, возела камиони во војната, ги поседува лебедите во Темза

Кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета втора денеска го слави својот 90-ти роденден. Оваа посебна дама ја одбележа современата историја, пред се поради долгогодишниот мандат. Во своето владеење, таа ги издржа сите налети и остана еден од најомилените членови на кралското семејство.

Станала кралица на 27 години, а за оваа улога била подготувана уште од нејзината 10-та година. Кога таткото Џорџ шестии ја информиррал дека ќе биде кралица, малата Елизабета не била посебно среќна. Но, ја прифатила својата судбина и почнала да се подготува за улогата која ќе ја толкува цел живот.

61219777-kraljica-elizabeta-ii

Со сопругот Филип нема идеален однос, но заедно се целл живот, а го запознала кога имала само 13 години. Освен тоа, роднини се во второ колено. Со бракот не се согласувале мајка и и баба и, посебно затоа што Филип бил православен, а неговите сестри биле омажени за нацисти. Имаат четири деца и тоа синовите Чарлс, Ендру и Едвард и ќерката Ана.

61219797-kraljica-elizabeta-ii

Кралицата од мала ги фасцинирала сите со својот став. Отсекогаш имала преголемо чувство за одговорност, а Винстон Черчил уште додека била мала ја опишал како „голем авторитет“.

Кралицата Елизабета служела во Втората светска војна, поминала воена обука и во 1945 година и се придружила на војската во војната како возач и механичар во помошните територијални сили. Тогаш имала само 18 години.

61219779-kraljica-elizabeta-ii

За време на своето владеење била во посета на толку многу официјани посети во земјите во светот што станала најпропатуван шеф на држава во историјата.

Кралицата обожува шапки со пастелни бои, коњи, кучиња и фотографии. Се говори дека знае да испрати писмо со сочуство до луѓе на кој им починал коњ. Но, никогаш не испратила телеграма за да изрази сочуство ако починал човек.

61219778-kraljica-elizabeta-ii

Дали сте знаеле дека таа е сопственичка на сите лебеди на реката Темза, како и на сите делфини кои пливаат околу островот?

Таа е единствената личност во Кралството на која не и е потребна возачка дозвола за да вози, ниту пак незјините возила мора да имаат регистрација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top