| четврток, 6 декември 2018 |

Многумина го прават тоа: Ова никако не смеете да го испиете наутро

Навика што треба да се смени.

jutarnja-rutina

Доколку на масичката ви остане чаша со вода за време на ноќта, утредента немојте да ја пиете. Направете си услуга и истурете ја.

Обичната вода, за разлика од храната, не содржи шеќери ниту белковини поради што на микробите им е полесно да ја загадат. За чудниот вкус на водата што стоела во чашата преку ноќ постои и објаснување.

Водата била изложена на воздух и впила јаглероден диоксид и дел од тој јаглероден диоксид се претворил во карбонска киселина, што значи дека водата на воздух го менува својот хемиски состав.

profimedia-0029406273

Кога карбонската киселина ќе отпушти еден или два протона и ќе се претвори во бикарбонат или карбонат ја намалува пх вредноста на водата поради што таа го менува вкусот.

Следниот пат кога ќе се фатите за чашата вода што останала од синоќа на вашата маса, сетете се дека била изложена на бактерии и дека во неа завршило и незанемарливо количество прав. Тоа не значи дека водата се расипала, но поради сето тоа што преку ноќ се собрало во неа размислете двапати дали ќе ја испиете или не.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top