Екипата на Манчестер јунајтед продлжи да инвестира во млади фудбалери и во својот тим го донесе Нишан Букарт од Цирих.
Ова го открива швајцарскиот весник „Блик“ кој објави фотографија на фудбалерот и помошникот на Ван Гал, Рајан Гигс. Информацијата за трансфер ја потврди таткото на фудбалерот кој е воедно и негов претставник.
– Одлучивме да си заминеме од Базел летоска. Нишан потпишува за Манечстер јунајтед. Имавме понуди, но решивме да ја прифатиме таа – вели таткото на младиот фудбалер.
Букарт настапува во нападот, а многумина најавуваат дека со Рашфорд тие ќе бидат одличен голгетерски тандем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.