| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК Вардар доби посакуван противник, ЧСМ Букурешт е шанса за пласман во финалето на Ф4

ZRK Vardar Larvik (31) (Custom)

Македонскиот шампион ЖРК Вардар трета година по ред ќе учествува на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во Европа.
По дветата порази во полуфиналињата во 2014 и 2015 година, „црвено–црниот“ состав доби посакуван противник против кого има позитивен биланс оваа сезона, романската екипа ЧСМ Букурешт.

Денешната ждрепка сакаше „вардарки“ да ги избегнат лутите ривали, Будуќност и Ѓер, кои ќе мора меѓу себе да се соочат во полуфиналето, а нашите девојки ќе имаат романски тест.

ЖРК Вардар во претходниот дел од сезоната во ЛШ двапати славеше против ЧСМ Букурешт, и во Македонија и во Романија, но овој тим со пласманот на Ф4, елиминирајќи го руски Ростов, потврди дека ќе биде незгоден противник бидејќи шеф на стручниот штаб е Расмунсен кој до пред една година и беше помошник на Индира Кастратовиќ.

Фајнлфор турнирот во Будимпешта се игра на 7. и 8. мај во „Ласло Пап“ арената. Вардар на 7. мај од 15:15 часот ќе игра со Романките, а втората полуфинална средба меѓу Ѓер и Будуќност ќе се игра од 17:45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top