| четврток, 6 декември 2018 |

Временска прогноза на „Фејсбук“

Отсега ќе можеме да ја прегледаме временската прогноза на апликацијата на најголемата социјална мрежа на светот – „Фејсбук“.

„Фејсбук“ еднаш или двапати дневно ќе нѐ предупредува на промената на временските услови, а еден од најважните термини за приказ, секако, ќе биде првото утринско проверување на мрежата на „Фејсбук“, при што ќе добиеме совет како да се облечеме тој ден, дали да си понесеме чадор или не.

fejsbuk-prognoza-tocka-2016-01

Картичката на „Фејсбук“ со временска прогноза ќе може да се „развие“ така што ќе покаже повеќе информации за тој ден, или, пак, за следниот временски период што ќе го изберете.

Провајдерот на временските информации за „Фејсбук“ е сајтот „Веатер.ком“ кој може да се вчита и преку вградениот прелистувач на „Фејсбук“, но таа функција не работи. Советите и временската прогноза ќе бидат достапни и за уредите со оперативните системи „Андроид“ и „иОс“.

Оваа апликација за временска прогноза, „Фејсбук“ моментно ја тестира во западните европски земји и очекуваме наскоро да пристигне и кај нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top