За да овозможи брз и едноставен пристап до урбанистичката планска документација Агенцијата за катастар на недвижности во соработка со експертски тим составен од претставници од надлежните институции изработи графички регистар на градежно земјиште.
Засега тој е достапен за професионалните корисници како што се планерските куќи, Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за планирање на просторот, општините и геодетите, а од јуни ќе биде достапен за користење и за граѓаните и за бизнис заедницата.
– Досега во Регистарот се внесени 477 урбанистички планови и урбанистичко планска документација доставени од општините. Упатувам апел општините кои се уште не доставиле урбанистички планови во сила, тоа да го направат во најкраток можен рок, истакна денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески.
Со графичкиот регистар на градежно земјиште Македонија стана една од земјите каде што постапката за донесување на урбанистички планови се одвива целосно по електронски пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Реформите на Македонскиот катастар претставени на конференција на Светска Банка во САД