| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите во Брисел сакале да го нападнат премиерот на Белгија?

Исламистичката ќелија која ги изврши нападите во Брисел имала многу податоци за белгискиот премиер Шарл Мишел. Како што пренесува „Би-би-си“ во лап-топот кој е пронајден во кантата за ѓубре во станот на еден од осомничените се наоѓале информации за претседателот на Владата на Белгија, неговата куќа, како и екстериерот на канцеларијата снимена од улица.

Овие информации не ги потврдија белгиски официјални лица, а како што беше претходно објавено, во компјутерот е најдена и последната порака на бомбашот самоубиец кој пишува дека се чувстува загрозено и верува дека полицијата му е зад петите.

Канцеларијата на премиерот на Белгија се наоѓа десетина метри од метро-станицата Малбек, која беше мета на терористите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top