| четврток, 6 декември 2018 |

Клиниката за детски болести доби комплети за нормално дишење на новороденчињата (видео)

Клиниката за детски болести Скопје доби комплети за нормално дишење на новороденчињата, вакуум-аспиратор, сонда за пулсиксометар и апарат за фототерапија кај бебињата како последната донација од кампањата „Шанса за живот“ наменета за Одделот за интензивна нега. Донацијата е на компанијата „Окта“.

 

Кампањата „Шанса за живот“ траеше две години и во неа се вклучија 50 јавни личности и доби голема поддршка. На социјалните мрежи кампањата ја следеа 17 илјади лица, а дваесетина компании се придружија во остварување на оваа цел.

– Поминаа две години во кои направивме акција и ја подигнавме општествената одговорност. Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести ја почувстува потребата за дополнителната опрема. Родителите сега се сигурни дека сè што постои во светот ќе го имаат на дланка и тука, ни овозможи на сите нас да спасиме многу животи. Некогаш битките не ги добивмаме, но сигруно дека во тој дел ќе продолжиме да се бориме. Оваа кампања ни даде можност да сфатиме колку сме силни ние како лекари, но шансите што ги дадовме за живот нè мотивираат и нас. Понекогаш работите зависат од добрата волја и зависат од нашето знаење – изјави проф. д-р Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.

Јанис Геруланос, главниот извршен директор на „Окта“, изјави дека компанијата сакала да придонесе таму каде што било најпотребно.

-„Шанса за живот“ беше иницирана со цел да се подобрат условите во одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести. Иницијативата што решивме да ја преземеме навистина направи разлика. Покрај директните донации, добивме голема поддршка од грѓаните и од организации што ни помогнаа да ја постигнеме целта – рече Геруланос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top