| четврток, 6 декември 2018 |

Пред предизвиците на 21- от век

Проф. д-р Јованка Кепеска

Проф. д-р Јованка Кепеска

Пред некој ден, во МАНУ, се одржа Конференција посветена на геостратегиската и геополитичката положба на Републиката во услови на мигрантската и бегалската криза. Давајќи мошне впечатлив преглед на актуелниот момент на бегалската криза и на патиштата по кои се одвива, Претседателот Иванов укажа дека причина за новата преселба во светот не може да се бара само во војната во Сирија, бидејќи само 20% од бегалците се од Сирија, и воените подрачја, туку дека таа треба да се бара и во потрагата за подобри услови за живот на народите од Африка и од Азија, што мигрираат. Во таа смисла илустративна е синтагмата преку која ја искажа настанатата состојба, дека се разбудува афричкиот континент. Поради што, осврнувајќи се на разрешувањето на бегалската и мигрантската криза и на ангажманот и на пристапот на Европа во актуелниот момент укажа на неминовноста од создавање на план, како некаков нов „Маршалов план“, за да се променат условите за живот во земјите од кои доваѓаат мигрантите.

Пледоаето, што тој го даде, имаше, во основа, и визионерска широчина, врз основа на која, би се очекувало, и истражувањата да се насочат. Во таа прилика и со таква намена беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика во МНР.

Гледајќи целосно на предизвиците на епохата, Претседателот Иванов ја претпостави  потребата од неминовноста да се дојде до нови одговори, различни од оние што биле во 20 век што сеуште не водат во разрешувањето на анктуелните проблеми и за миграциски движења. А новиот, 21 век во кој живееме, мора да претпоставува промена во нас самите. Онака како и грчкиот полис, значи политичката заедница на луѓето и заедница на луѓето како политички суштества, се надминува со космополитски пристап и врз нови филозофски правци.

Во 21 век, филозофијата е таа, секако, е потребно да ги даде новите одговори како да се надминат атрибутите на политичката заедница интернационалните релации како релации на нациите, државите, трансформирајќи ги во релации помеѓу народите, како основа на космополитизмот.

Неминовниот пристап, сепак, останува дека би бил преку најзначајната филозофска мисла дека може да се говори за пресвртот на битието што би можел да се случи. Или, како што се вели, со помош на мислата, состојбата да се обнови. Односно, колку политиката и политичката наука можат да ја обезбедат организацијата на животот воедно надминувајќи ги и антагонизмите што произлегуваат од општествените услови на животот на индивидуите произлезени од искористувачката и потрошувачката караткеристика на општеството. Токму затоа што, според филозофскиот метод, иако метафизиката е завршена, таа не е ништавна. Критичкиот однос кон материјалната и духовната стварност, укинувањето значи и чување, а потоа и издигнување на содржината на повисоко ниво во смисла на тоа дека прифатливата критика е онаа која надминува со свест како да се доврши старата состојба, според материјалните услови и сестрано сфатената практика.

И она, што за нас, секако, има има значење е дека политичкиот принцип и неговите категории (држава, нација, облици на политички системи),  денес,  не можат да бидат заобиколени поради што и ќе ја даваат рамката за разрешување и на бегалската и миграциската криза.

Ургентната задача на критиката што треба да се изврши врз општеството и облиците на свеста, како би се надминала хипостазираната свест на општеството и би се создало самосвесното дејствување, дејствување во сите сегменти на стварноста врз знаење, останува како неминовна.

Круцијално е, притоа мислењето на Мартин Хајдегер кој укажува на задачата што стои пред епохата е да ја надмине нововековно произведената суштина на техниката, како основно прашање, што го сведува животот на броење, егзактност. И со оглед на што е воспоставена општествената (и политичката) организација на општеството. И иако радикална и брза промена во надминувањето на таквата стварност не е можна, според него процесот ќе трае можеби и со векови, останува задачата на мислењето да прави припрема на таквиот пресврт.

За тоа каде води таквиот пресврт говори Вања Сутлиќ. Според него претпоставките се дадени во сегашноста. А тоа што треба да се направи е тие да се ослободат од затворената форма, подигнувајќи се на повисоко ниво. Како дејствување во целовитост, надминување на отстојувањето на спознајното од она што е физичко и, само откога е тоа извршено, да биде неговата реализација.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top