| четврток, 6 декември 2018 |

„Вашингтон тајмс“: Македонија страда од политичките будалштини на рекетарот Заев

САД и ЕУ да и` помогнат на Македонија да излезе од ситуацијата во која се наоѓа, што подразбира да има избори и стабилна влада. Тоа е потребно и за справување со актуелната бегалска и мигрантска криза. Ова се некои од поентите на написот објавен во „Вашингтон тајмс” под наслов “Зошто е важна стабилна Македонија”, пренесува Вест.

„Вашингтон Тајмс“ е единствен дневен весник во САД што оствари добивка во 2015 година, има 40 милиони посети на вести и 5 милиони посети на видеа.

Во контекст на ситуацијата во Македонија, анализата кратко се осврнува на предизборието во САД, за кое се вели:

“САД моментално се соочуваат со жесток изборен циклус за Претседател, каков што немало досега. Од едната страна има умерена демократка од старата гарда, можеби малку изолирана од реалната состојба и, дефинитивно, влече многу багаж со себе, наспроти социјалистот што се залага за ‘благосостојба за сите, работа за никого’ и кој, се чини, не може да ја види ни шумата, а не па дрвото. Во републиканскиот табор има вистинско изобилие на карактери во кое се истакнува еден самобендисан кандидат кој отворено не се залага за еднакви права за сите”.

Сепак, се додава во написот, политичката реалност во другите земји може да биде далеку полоша, а во некои случаи, поопасна за тие земји и за интересите на САД.

“Таква е политичката реалност во Македонија. Од едната страна, за среќа на Македонците, е популарниот и успешен досегашен и, најверојатно, иден премиер Никола Груевски. Од другата страна е Зоран Заев и неговата опозициска социјалдемократска (поранешна комунистичка) партија. Заев, познат рекетар, наизменично сака да ги бојкотира и да ги одложи изборите, како што беше случајот минатата недела. Груевски се повлече од позицијата премиер во јануари, како дел од необичниот договор кој беше постигнат во посредништво на ЕУ со цел да се ‘подобри демократијата’ во земјата”, се вели во натписот во “Вашингтон тајмс”.

Авторот забележува дека, покрај поддршката од ЕУ и од САД за новиот датум за избори, опозицијата на Заев одбила да гласа по тоа прашање.

“Со помош од ЕУ и од САД, Македонија може да ги надмине опструкциите на Заев и на неговите ортаци, и кога, конечно, ќе се одржат изборите, Груевски, најверојатно, повторно ќе биде избран за премиер. Поради оваа комплицирана ситуација, Македонија моментално е оставена на техничка влада, лишена од вистинско водство и власт која ќе носи одлуки”, се вели во написот во “Вашингтон тајмс”.

Според написот, неоспорно е дека Македонија ќе напредува.

Во него се забележува дека “под водство на Груевски, оваа млада парламентарна демократија со нешто повеќе од 2 милиона жители беше рангирана од Светската банка на 12. место на светско ниво и на 6. место во Европа во категоријата Дуинг бизнис, пред првиот мандат на Груевски земјата беше рангирана на 94. место”.
Во написот се наведува и дека невработеноста, што е најголемата економска и политичка напаст со која се соочува Југоисточна Европа, изнесува околу 25 отсто, што е намалување од претходните 40 отсто, и отворени се над 150.000 нови работни места во текот на 10-годишното владеење на Груевски.

“Сепак, Македонија страда не само од политичките будалаштини на Заев на домашен терен туку и од опструкцијата на Грција однадвор. Југоисточна Европа и понатаму важи за нестабилен регион и уште закрепнува од катастрофалните балкански војни во ’90-тите. Земјата е дел од регион во кој земји како Албанија, Косово и Босна се под постојана закана од навлегување на исламисти”, се вели во написот.

Авторот, осврнувајќи се на актуелната ситуација со бегалците и со мигрантите, забележува дека Балканот страда од етничка поделеност, од руските нео-империјалистички амбиции и сe повеќе му се заканува нестабилност поради сe поголемата криза со сириските бегалци.

Македонија, под водство на Груевски, изрази желба за сојузништво со Западот, како и желба за членство во ЕУ и во НАТО, како начин да ги унапреди своите стабилност и просперитет, се вели во написот, во кој се укажува дека Грција го попречува патот кон стабилност и просперитет.

“Поради несогласувањето околу употребата на името Македонија, бидејќи најсеверната провинција во Грција, исто така, го носи името Македонија, Грција ги блокираше сите чекори на Македонија за влез во ЕУ и во НАТО. Исто така, исфрустрирана од строгата монетарна политика на ЕУ кон трошењето на Атина, на Грција $ се виде сходно некомпетентно да се справи со бегалската криза. Додека Грција може да го користи изобилието помош од ЕУ за справување со бегалците, Македонија е оставена да се справува со кризата без надворешна помош”, се вели во написот.

Наедно во статијата во “Вашингтон тајмс” се апелира:

“Време е САД и ЕУ да и дадат помош на Македонија, согледувајќи ја пошироката слика и да прифатат дека и на ЕУ и на македонскиот народ им оди во прилог да се одржат избори без понатамошно одлагање. Исто така, на САД, ЕУ и на НАТО ќе им оди во прилог да се спротивстават на ставот на Грција за напредување на Македонија кон членство во ЕУ и во НАТО, и да се дозволи да тргне процесот на пристапување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top