Милан и Лацио решија се во првите 15 минути на дерби пресметката од 30. коло во италијанскиот шампионат која заврши без победник, 1-1.
Уште во 9. минута „лацијалите“ поведоа со голот на Пароло, а израмни Карлос Бака во 15. минута.
„Росонерите“ до крајот на мечот особено во второто полувреме пропуштија доста шанси за освојување на трите бода, но Бонавентура и Бака не успеаја да реализираат. Лацио со финишот од мечот остана со играч помалку откако Лулиќ предвреме го напушти натпреварот поради два жолти картони. Сепак и тоа не и помогна на четата на Синиша Михајловиќ која со ова реми остана на шестото место на табелата со 49 бода, додека Лацио со 42 е на осмата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)