| четврток, 6 декември 2018 |

Промашени пенали, четири гола и нови три бода за Реал Мадрид (видео)

Реал Мадрид запиша убедлива победа од 4-0 против Севилја во 30. коло од Примера дивизија.
На дуелот во кој двете екипи промашија и по еден пенал, „кралевите“ до предност стигнаа со голот на Бензема уште во 6. минута.
Во првото полувреме, во 27. минута Севилја не реализираше удар од белата точка преку Гамеиро, а пенал потоа на спротивната страна во 58. минута промаши и Кристијано Роналдо.

Но, Роналдо се поправи за таа грешка, па стрелаше во 64. минута за 2-0. Две минути подоцна Герет Бејл зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Хесе во 86. минута.

Реал Мадрид сега има 66 бода на третата позиција, еден помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид, а десет од водечката Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top